(Видео)Контроверзен српски политичар искрши гласачка кутија, видеото се шири на интернет: „Ова го мислам за референдумот!
Во Србија се одржува референдум за уставни измени, чија цел е реформи во судството и усогласување на домашното и европското законодавство во процесот на пристапување на Србија во Европската унија. На едно избирачко место е забележан инцидент, јавува Нова.рс.
Поранешниот функционер на десничарското српско движење Двери, контроверзниот егзибиционист Срѓан Ного, искршил гласачка кутија, по што бил приведен во полиција и му е одреден 48 часовен притвор.
На социјалните мрежи се споделува видеото на кое се гледа како Ного ја крши кутијата. Ного прво внесува гласачко ливче на своето избирачко место, а потоа ја зема гласачката кутија и ја удира од подот. „Ова го мислам за референдумот“, рече Ного. Видеото го пренесе српскиот портал Нова.рс.
Автентичноста на снимката ја потврдија од Првото основно јавно обвинителство, а Ного е осомничен за кривично дело спречување гласање.