Вие имате прво да ја знаете вистината

ИГРА НА ТРОНОТ: Чарлс и Вилијам побарале од кралицата да се откаже од принцот Ендру за да го спаси кралското семејство!

На кризниот состанок одржан во дворецот, Елизабета Втора го послушала својот најстар син и внукот, и го казнила својот среден син обвинет за сексуално малтретирање.

Кризниот самит на британскиот дворец, одржан во четвртокот вечерта, завршил со безмилосна одлука по кратка постапка – принцот Ендру, средниот син на кралицата Елизабета, останал без сите кралски и воени титули!

Шокантната и неочекувана одлука е донесена бидејќи е поднесена тужба за сексуално малтретирање на Вирџинија Робертс, која тврди дека била принудена на секс со синот на кралицата кога имала 17 години.

Бакингемската палата објавила соопштение во кое се вели:

Со одобрение и согласност на кралицата, воените титули и кралското покровителство на војводата од Јорк ѝ беа вратени на кралицата. Војводата од Јорк во иднина нема да презема никакви јавни должности и во овој случај ќе се брани како приватен граѓанин.

Засрамениот принц Ендрју во првите реакции за губењето на кралските титули рекол дека ќе продолжи да се бори.

Ова е маратон, а не спринт. Ќе продолжам да се борам и да се бранам од обвинувањата – порачал Ендрју преку своите претставници.

Сега ќе треба да ангажира приватна секретарка, но и обезбедување, а нема да може да смета на помошта од кралското семејство. Се проценува дека ќе му требаат околу шест милиони фунти за да го води судскиот процес во САД.

Извор од Бакингемската палата изјавил дека принцот Ендру повеќе нема официјално да ја користи титулата Кралско височество, а другите негови титули ќе се делат меѓу другите членови на кралското семејство и нема да му бидат вратени.

Според „Daily mail“, на кризниот состанок во дворецот, принцот Чарлс, најстариот син на кралицата, и принцот Вилијам, втор по ред за престолот, извршиле притисок врз Елизабета Втора да се откаже од принцот Ендру за да биде сигурна дека кралското семејство ќе го преживее скандалот и има иднина по секоја цена, без разлика колку е голема. Принцот Ендру е деветти во редот за наследување на тронот.

Вирџинија Робертс, мажена за Џефри, ја пофали одлуката на судот во Њујорк да го отфрли барањето на адвокатите на принцот да ги отфрлат нејзините обвинувања против него.

Таа доби судско одобрение да поднесе граѓанска тужба против принцот за сексуално малтретирање.

Драго ми е што имам можност да продолжам да ја кажувам вистината и благодарна сум на мојот тим правници. Решена сум да барам правда од оние кои ме повредија мене, но и многу други. Мојата цел е да покажам дека богатите и моќните не се над законите и треба да одговараат за своите постапки – изјавила таа.

Ова е голем влог, опстанок на кралството по секоја цена. Така било и секогаш ќе биде. Институцијата Кралско семејство е на прво место – изјави извор од Бакингемската палата кој сакаше да остане анонимен.

Вирџинија Робертс во тужбата навела дека починатиот милијардер, педофилот Џефри Епштајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со неговите пријатели, меѓу кои бил и принцот.

Тврди дека принцот во неколку наврати ја малтретирал, а бил свесен дека во тој момент била малолетна.

Принцот Ендру е петтиот член на кралското семејство кој останал без кралски титули во последните 26 години. Принцезата Дајана исто остана без својата кралска титула по разводот со принцот Чарлс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!