Вие имате прво да ја знаете вистината

Инспекторатот на Град Скопје изрече две казни за фирмите „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив”

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што изрече две казни за фирмите „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив” од Скопје, информираат од Град Скопје.

-Градот Скопје ќе продолжи со секојдневни теренски контроли и инспекциски надзори на превозниците на патници, со цел доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност. Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните, велат од Град Скопје.

Вчера Инспекторатот изрече казна за фирмата „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“, поради вршење превоз без лиценца. Против фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, информираа од скопската локална самоуправа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!