Вие имате прво да ја знаете вистината

И Русија се огласи за депортацијата на Ѓоковиќ: Каква срамна одлука

Првиот заменик претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански оцени дека е срамна одлуката за забрана на учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен.

„Каква срамна одлука да му се забрани на Новак Ѓоковиќ да учествува на Австралија опен 2022! Политиката не треба да се меша во спортот. Му посакувам на Новак нови победи, австралиската јавност е јасен губитник во ова несогласување засенето само од конкуренцијата“, напиша тој во неговата изјава на Твитер, пренесе ТАСС.

По денешната одлука на австралискиот федерален суд да поддржи поништување на визата за Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер ја напушти Австралија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!