Вие имате прво да ја знаете вистината

Како живееше Цеца ПРЕД да се омажи за АРКАН: Сосетка ги откри ТАЈНИТЕ од нејзината младост!

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се омажи за Жељко Ражнатовиќ-Аркан во 1995 година, а од 1997 година живее во величествената вила на Љутица Богдан во Белград.

Пред да го запознае својот, сега покоен сопруг, Цеца веќе живеела во главниот град на Србија, бидејќи во тоа време успешно градела пејачка кариера.

Интересно е што Цеца од Житораѓе се преселила во Белград во далечната 1993 година, кога веќе имаше неколку снимени албуми. Пејачката се преселила во зграда на Врачар, каде живеела во станот на нејзината пријателка Драгица, додека го чекала реновирањето на станот што го купила на Баново Брдо.

Цеца живеела кратко на улицата Калениќева, но нејзините тогашни соседи сè уште го паметат тој период.

„Добро ме потсети. Таа секогаш љубезно нè поздравуваше, а беше преубава. Како ангел“. – изјавила во една прилика за „Блиц“ една повозрасна госпоѓа од улицата Калениќева, која ѝ била сосетка на Цеца.

Кога ги снимила „Кукавица“ и „Шта је то у твојим венама“, луѓето се собирале под нејзиниот прозорецот и ја пееле песната. „Беше неверојатно, таа песна одекнуваше по целата улица, тука секој ден пристигнуваа цвеќиња во Калениќева. Колку цвеќиња имаше, мислам дека можеше да ја отвори најголемата цвеќарница во Белград“ – изјавила госпоѓата која побарала нејзиното име да не се споменува во весниците.

Цеца Ражнатовиќ, тогаш Величковиќ, неколку месеци живеела на улицата Калениќева, а потоа се вселила во нејзиниот стан на Баново Брдо. Цеца го запознала Жељко во 1994 година и почнала да живее со него во Диломатската населба, каде што живееле до 1997 година, кога се преселиле во вила во Љутице Богдан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!