Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија, автоматски ќе добие забрана за влез во земјата во траење од три години, а ќе треба да ги плати трошоците за судењето. Според австралиските медиуми се работи за сума од 500.000 долари.
Што се однесува до забраната за влез во Австралија, таа може да се ревидира пред следниот Австралија опен. Имено, има исклучоци од забраната во случај на „исклучителни околности“, доколку е во интерес на државата, пренесува Нова.рс.