Вие имате прво да ја знаете вистината

Самохрана мајка на три дена почина од Десерт од кикирики, 12-ет годишниот син гледал како умира во агонија (фото)

Хана Сцигала (31) била дома во Њукасл со своите синови од 12 и 9 години и со нејзината тригодишна ќерка кога десертот што го изела по вечерата предизвикал ужасна алергија на кикиритки од која за жал на крајот починала. Според „Daily Mail“, самохрана мајка починала откако доживеала катастрофален анафилактичен напад.

Нејзиниот најстар син беспомошно ја гледал мајка си во агонија, но бил доволно трезвен да испрати порака до баба му и дедо му, кои повикале брза помош пред да тргнат кон домот на нивната ќерка.

Хана веднаш била пренесена во болница. Таа била во критична состојба, а лекарите ја сместиле на интензивна нега откако доживеала срцев удар во возило за Брза помош. Деталните прегледи откриле дека нејзиниот мозок повеќе не покажува никаква активност, а нејзиното семејство било принудено да донесе болна одлука да се збогува со неа, и да ја исклучат од апаратот што ја одржувал во живот.

Беше трагично. Не можев да поверувам, не можев да прифатем дека ја гледам и дека сè уште дише, но тоа беше само машина. Навистина сакав да и кажам да се разбуди, изјави нејзината помлада сестра Стефани (21).

Мајката на Хана одлучила да ги донира органите на нејзината прерано почината ќерка за да ги спаси животите на другите.

На сестра ми би ѝ било драго да знае дека го направи светот подобро место. Сакаше да им помага на луѓето, заклучила Стефани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!