Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа беше Секс симбол на Baywatch, а сега се бори со вишокот килограми и изгледа непрепознатливо

Никол Егерт беше една од ѕвездите на популарната серија „Baywatch“ и многу гледачи воздивнуваа по неа. Иако Памела Андерсон беше најпознатата, русокосата Никол ја глумеше Самер Квин, од 1992 до 1994 година и го привлече вниманието на публиката. Таа тогаш имаше само 19 години.

Набргу по улогата таа ги зголеми градите, а потоа по една година ги намали.

Денес Никол има 50 години и изгледа поинаку од тогаш. Витката, затегната фигура во црвен костим за капење е заменет со широки тренерки и прекумерна тежина.

По „Baywatch“ не одигра позабележителна улога, а во 2013 година банкротираше. Потоа започнала сопствен бизнис со сладолед. За Нова година таа на својот Инстаграм објави интересен цитат: Среќна сум, повредена и истовремено закрепнувам. Не ме прашувајте како.

Актерката го привлече вниманието на јавноста во 2018 година кога откри дека била сексуално злоставувана од нејзиниот колега Скот Бајо кога имала само 14 години. Таа рече дека наводната злоупотреба започнала во 1986 година на снимањето на ТВ-шоуто на кое работеле заедно. Тој тогаш имаше 25 години и тоа се случувало еднаш неделно до 16-тата година. Тој ги негираше обвинувањата, но признава дека имале секс кога таа имала 18 години.

Егерт треба да се појави во документарен филм кој ќе ја следи хит серијата „Baywatch“ во која глумат Памела Андерсон, Кармен Електра и Дејвид Хаселхоф , а во едно интервју Опра Винфри призна дека не морала да се грижи за килограмите додека ја снимала таа серија.

Имаше клаузула во договорот која вели дека не треба да качуваме или изгубиме 2 килограми. Тогаш имав 19 години и мојата тежина не варираше. Не морав ни да вежбам! Не се чувствував како Секс симбол воопшто. Повеќе ги чувствував последиците од тоа, ме нарекуваа курва, што ми пречеше затоа што никогаш не бев… И не сум толку глупава како што мислеа некои, изјави Егерт тогаш.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!