Водечкиот шверцер на хероин во Шпанија денеска е уапсен, а при полициската акција уапсени се уште 10 лица и запленети се 55 килограми дрога, пишува Танјуг.
Полицијата соопшти дека криминалната организација, со седиште во централната провинција Толедо, купила големи количества хероин од извор во Холандија и потоа ја дистрибуирала дрогата до дилерите во делови од централна и западна Шпанија.
Полицијата претреси осум имоти во Мадрид, Толедо и Касерес.
Полициските истражители рекоа дека дилерот го нарекле „шпанскиот Пабло Ескобар“ и дека тој бил тесно поврзан со глобален нарко-клан управуван од турски државјанин од Истанбул.
Истрагата за оваа криминална организација започна во март минатата година и доведе до апсење на голема пратка хероин во декември 2021 година. Исто така, полицијата не го прецизирала точниот датум на апсењето, наведува американската агенција.