Вие имате прво да ја знаете вистината

Уште една акција на нуркачите од „Акватек“ за чистење на Охридското Езеро

Нуркачи од Нуркачкиот центар „АКватек” од Охрид спроведоа уште една активност за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Со порака „Стоп за пластика. Чиста околина” тие чистеа на дното на езерото на потегот кај Стариот дел на Охрид, отстранувајќи пластика од амбалажа за една употреба.

„Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба. Се друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки, велат од „Акватек”.

Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек” спроведе повеќе акции за чистење на езерото во кои беше извлечен најразличен вид отпад што го загадува езерото и му штети на подведниот ќив свет.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!