Вие имате прво да ја знаете вистината

ХЕРОЈ од раѓање: Тинејџери во Сибир пронашле бебе, во кутија за јајца, на минус 20 степени

Бебето го пронашле пет тинејџери, кај селото Сосновка, ставено во кутија за јајца. Родителите на еден од тинејџерите веднаш го пренеле девојчето во болница каде било констатирано дека е во добра здравствена состојба.

Полицијата трага по мајката на детето, а отвори и истрага за обид за убиство на малолетник.

Родителите на тинејџерите, Дмитриј и Ана Литвинов, сакаат да го посвојат бебето, но треба да почекаат да видат дали полицијата ќе ги најде нејзините роднини.

Дмитриј Литвинов рече дека петмина пријатели отишле на прошетка на православниот Божиќ. Веќе беше темно, ги вклучија телефоните да видат што има во кутијата. Внатре нашле бебе покриено со нешто како крпа и внатре шише – рекол тој.

Литвинов и неговата сопруга дошле да го земат детето кое најверојатно има само три дена и го пренеле во болница. Се плашеле дека девојчето претрпело многу смрзнатини и дека нема да преживее.

По пристигнувањето во болницата, лекарот брзо го прегледал бебето и го загреал, нежно триејќи ѝ ги рацете и нозете. На бебето потоа му се вратила бојата на образите и било утврдено дека е во добра здравствена состојба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!