Вие имате прво да ја знаете вистината

8 интересни факти за женското тело: Веројатно никогаш не сте ни помислиле на некои од овие факти

Жените, многумина се согласуваат, отсекогаш биле и ќе останат голема мистерија. Научниците успеале да откријат неколку интересни факти за женското тело, за кои можеби не ни знаеме.

Има некои необични разлики меѓу мажите и жените, а кога ќе видите за што се работи, можеби ќе се изненадите. Веројатно никогаш не сте ни помислиле на некои од овие факти.

Женското срце чука побрзо

Големината на женското срце е две третини од вкупната големина на срцето на мажот. Тежи во просек 120 грама, додека срцето на мажот е приближно 180 грама. Женското срце чука од 78 до 82 пати во минута, додека машкото срце има 70 до 72 отчукувања.

Побавно ја варат храната

Дигестивниот систем кај жените пет пати подолго ја вари храната отколку кај мажите.

Имаат посилен имунитет

Жените имаат поактивен имунитет, па полесно се борат со инфекциите, но поради прекумерниот имунитет повеќе се склони кон автоимуни болести.

Трепкаат повеќе од мажите

Трепкањето ги подмачкува очите и ги штити од влегување на туѓи тела или од иритација. Поради повисоките нивоа на хормонот естроген во нивниот систем, жените повеќе трепкаат.

Нивната кожа е помека и почувствителна

Машката кожа е потврда и подебела од женската. Како резултат на тоа, женската кожа е почувствителна. Како резултат на тоа, жените имаат поголема веројатност да добијат акни и брчки.

Жените плачат повеќе од мажите

30 до 64 пати годишно, додека мажите плачат само 6 до 17 пати. Солзите содржат голема количина на пролактин, хормон кој е тесно поврзан со емоциите. Кај жените, нивото на овој хормон е многу повисоко отколку кај мажите.

Имаат подобро чувство за вкус

Жените имаат повеќе пупки за вкус на јазикот и од еволутивна гледна точка тоа е поврзано со нивната заштита на потомството за време и по бременоста. Жените исто така имаат поинтензивно сетило за мирис од мажите.

Жените се генетски пофлексибилни од мажите

Поплитките карлици кај жените ги прават пофлексибилни во пределот на колкот во споредба со мажите. Така тие имаат поголем опсег на движење. Разликите во флексибилноста се поголеми за време на бременоста.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!