Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Надзорна камера откри медицинска сестра која лажно вакцинирала за 400 евра

Италијанската полиција фати група измамници со помош на кои многу пациенти во Италија добија пасош за Ковид без да бидат вакцинирани.

Според полициската истрага, десетици луѓе од цела Италија дошле во центарот за вакцинација во Анкона каде платиле по 400 евра за „лажна вакцина“.

Имено, медицинската сестра која требало да им ја вбризга вакцината, ја празнела вакцината во памук и ја фрлала во корпа за отпадоци, а потоа на пациентот му лепела фластер и му давала „зелена пропусница“.

Како што се гледа на снимката што ја објави полицијата, медицинската сестра се преправа дека инјектира, но наместо тоа ја инјектира содржината до раката на пациентот.

По истрагата, 51-годишничката завршил во истражен затвор, додека четири лица, меѓу кои и 53-годишниот адвокат од Анкона, кој бил посредник во измамата, завршиле во домашен притвор.

Во рамките на операцијата, која започна во декември, полицијата истражува околу 50 лица на кои им е наредено да не го напуштаат регионот и секојдневно да се јавуваат во локалната полициска станица.

Полицијата запленила и 18.000 евра собрани од луѓе кои платиле за „лажна“ вакцина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!