Вие имате прво да ја знаете вистината

ЖЕНИТЕ ГО ОБОЖАВААТ! Неколку пати е прогласен за најзгоден политичар (ФОТО)

Хрватскиот пратеник Дамир Хабијан повеќе пати медиумите го прогласуваа за најзгоден домашен политичар.

Тој е дипломиран правник, кој вешто и самоуверено чекори на политичката сцена.

Граѓаните на Хрватска на различни форуми постојано се прашуваа кој е најзгодниот политичар во Хрватска, а одлуката беше донесена брзо –  тоа е Дамир Хабијан .

Тој често позира на Инстаграм без маица, додека многу жени го фалат за неговиот физички изглед. Тој често објавува видеа на кои тренира кросфит, трчање и возење велосипед.

Многу обожаватели не ги пропуштиле тетоважите, а судејќи според неговите профили на социјалните мрежи, крос фит и авантура се неговото омилено хоби.

Согласно имотната книшка, должноста на претседател на Градскиот совет ја врши на доброволна основа. Вработен е во адвокатската канцеларија „Ускоковиќ и партнери“ каде има удел од пет проценти.

Пријавил месечен приход од 13.850 куни (околу 1.800 евра), сопственик на стан од 46 квадрати во Вараждин вреден 420.000 куни (околу 55.000 евра), но и автомобил БМВ вреден 110.000 куни (околу 14.000 евра).

Мистериозниот адвокат нема фотографии со поубавата половина на социјалните мрежи, а никогаш не зборувал за својот љубовен живот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!