Вие имате прво да ја знаете вистината

КАРИЕРАТА НА ЃОКОВИЌ СТАВЕНА НА КОЦКА, ПОСТОИ ШАНСИ НОВАК, НАДАЛ И ФЕДЕРЕР ДА ОСТАНАТ ИЗЕДНАЧЕНИ…

Интересен e коментарот на Матс Виландер за исходот од „случајот Ѓоковиќ“: “Изненаден сум и шокиран. И малку сум исцрпен бидејќи за тоа слушавме една недела. Му давам голема заслуга на Новак што се обиде, но во исто време знаеше што може да се случи. Тажна вест е, но, ќе имаме нов победник“, изјави поранешниот шведски светски тенисер број 1, Матс Виландер за Еуроспорт.

Седумкратниот победник на Грен слем беше прашан дали мисли дека одлуката Ѓоковиќ да мора да ја напушти Австралија, на крајот е фер?

„Дали мислам дека е фер? Па, мислам дека е, затоа што милиони луѓе ширум светот умреа од Ковид-19. Австралија одлучи да влезе во целосна блокада минатата година и Австралијците страдаа како другите, ментално и физички“, додаде Виландер.

“Не можам да замислам каква е состојбата на Новак во моментов. Ова е неговиот омилен турнир и беше голема шанса да ги претекне Федерер и Надал. А сега има добри шанси сите да завршат на 20 Грен слемови. Големото прашање е дали на Новак му е дозволено да патува низ светот. Многу ќе зависи од тоа колку на Новак ќе му биде дозволено да патува, колку ќе смее да игра и на крајот дали ќе биде принуден да се вакцинира. Кариерата на Новак е во прашање“.

На крајот, Швеѓанецот заклучи: „Сето ова ќе има негативни последици за турнирот во прв момент, бидејќи ќе се зборува за тоа, но по неколку дена ќе сфатиме дека во Мелбурн има добри тенисери, па ќе се зборува за нив“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!