Вие имате прво да ја знаете вистината

Навални не жали што се врати во Русија пред една година, тој им порача на приврзаниците: „Не плашете се“

Една година по апсењето, рускиот дисидент Алексеј Навални утрово потврди дека „ниту една секунда не жали“ што се вратил во Русија и им порача на своите сонародници „да не се плашат“.

„Го направив тоа и не жалам ниту една секунда“, напиша Навални на социјалните мрежи, алудирајќи на неговата борба против Кремљ и неговото враќање во земјата и покрај можноста за апсење по закрепнувањето во Германија од труење.

„По една година помината во затвор, ви го кажувам она што тогаш им го кажав на приврзаниците на суд: не плашете се“, додаде Навални во објавата со фотографија со сопругата Јулија.

На 17 јануари 2021 година, руската полиција го уапси Навални на московскиот аеродром Шереметјево, набргу откако тој слета со авион од Германија каде што неколку месеци се лекуваше од труење со нервен отров, за што ги обвини руските власти.

Навални утрово се појави на суд за да разгледа две тужби против управата на затворот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!