Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОСЛЕДНОТО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР: ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ ИЛИ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ НА МЕСЕЧНО НИВО!

Грчкиот премиер упати последен повик до постарите граѓани да се вакцинираат пред да започнат месечните казни за прекршување на правилата за вакцинација од следната недела.

„Денеска ги охрабрувам нашите сограѓани постари од 60 години кои сè уште се невакцинирани: направете го овој чекор“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во саботата за време на посетата на здравствениот центар во Мегара, во близина на Атина.

„Заштитете го вашиот живот и животите на оние што ги сакате и разберете дека вакцината е безбедна и спасува животи“, посочи тој.

Граѓаните над 60 години ќе се казнуваат со 50 евра од понеделник и по 100 евра секој месец од февруари, доколку не се вакцинирани.

„Сите приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем на земјата“, објавија грчките медиуми, пренесува RT.

Оние кои имаат сертификати за закрепнување од Ковид-19 и докажани медицински исклучоци нема да подлежат на казни. Вакцинираните лица во странство ќе можат да ги регистрираат своите вакцини преку веб-страницата на Владата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!