Вие имате прво да ја знаете вистината

Снежни виулици и мраз го ПАРАЛИЗИРА југоисточниот дел на САД!(ВИДЕО)

Зимско невреме со комбинација од силен ветер и мраз денеска погоди делови од југоисточниот дел на САД, што доведе до прекин на електричната енергија, паѓање дрвја и мраз на патиштата. Десетици илјади потрошувачи останаа без струја во Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Флорида , објави АП.

Повеќе од 2,5 сантиметри снег паѓаат на час во некои делови на Јужна и Северна Каролина, Џорџија, Тенеси и Вирџинија, објави Националната метеоролошка служба на Центарот за предвидување бури. Невремето го отежна воздушниот сообраќај во некои делови на југот на САД. Најтешко погодениот аеродром во земјата е меѓународниот аеродром Шарлот Даглас, кој остана отворен до зори, соопштија претставници на аеродромот на брифинг.

Сепак, повеќе од 1.000 од денешните летови до Шарлот се откажани, според сајтот за следење летови flightavare.cm. Шарлот е главен воздушен центар во јужниот дел на Соединетите држави. Во Атланта денеска беа откажани повеќе од 300 летови. Федералната управа за авијација соопшти дека денеска се очекува дополнително влошување на временските услови и дека е можен прекин на сообраќајот на аеродромите во Вашингтон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!