Вие имате прво да ја знаете вистината

Шведската испраќа воени сили на својот најголем остров, министерот за одбрана со остра порака: „Руски напад не е исклучен“

Поради зголемената руска воена активност во Балтичкото Море, Шведска испрати стотици војници на својот најголем остров Готланд, објави „Financial Times“. Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист предупреди на опасност од руски напад. Поради ваквата ситуација, Шведска, која инаку е воено независна, не ја исклучува можноста да поднесе барање за членство во НАТО.

Единицата за итни случаи на шведските вооружени сили пристигна во Готланд во петокот и саботата со авион и патнички траект. На островот пристигнаа стотици војници и опрема. Причината е загриженоста на нордиските и балтичките земји во врска со намерите на Русија на границата со Украина. Стравуваат дека тоа може да ги погоди соседните земји.

Во текот на викендот, шведските медиуми објавија зголемена руска поморска активност во Балтичкото Море.

„Јасно е дека постои ризик. Не може да се исклучи напад врз Шведска. Важно е да покажеме дека не сме наивни. Шведска нема да биде фатена неподготвена доколку нешто се случи. Важно е да испратиме сигнали дека сериозно ја сфаќаме оваа ситуација“, изјави министерот Хултквист за Радио Екот во саботата.

Русија распореди повеќе од 100.000 војници долж украинската граница. Поради тоа, но и поради острата дипломатска реторика, воените неврзани Шведска и Финска истакнаа дека сè уште имаат можност да аплицираат за членство во НАТО.

Мнозинството во шведскиот парламент е за членство во воениот сојуз, но владејачките социјалдемократи не. Без нивна поддршка, мала е веројатноста Шведска да се приклучи.

Шведска немаше постојано воено присуство во Готланд од 2005 до 2016 година бидејќи ги намали трошоците за одбрана по Студената војна. Експертите велат дека токму поради релативната слабост на нејзините вооружени сили, таа била принудена да постапува вака.

Слична акција беше преземена во август 2020 година. Додека Русија одржуваше воени вежби во регионот, на островот, кој е популарен меѓу туристите, беа испратени оклопни возила со траект и кампери.

Трите балтички земји-членки на НАТО, Естонија, Литванија и Летонија, долго време ја убедуваа Шведска посериозно да ја сфати безбедноста на Готланд. Шведските сили, заедно со голем контингент на американски војници, ја одржаа својата најголема вежба во последните децении во 2017 година, и таа вклучуваше симулација на напад на Готланд. Еден американски генерал во тоа време го нарече островот „непотоплив носач на авиони“.

Шведските офицери, и покрај напливот на војници, викендов се обидоа да ги смират жителите на Готланд.

„Добро спијам навечер. Ризикот од вооружен конфликт е низок“, рече Матијас Ардин, началник на полкот Готланд.

Меѓутоа, шведската полиција во петокот извести дека неидентификувани беспилотни летала летаат над најмалку една, а можеби дури и четири нуклеарни централи. Полицијата ги информираше шведските вооружени сили за ова, сметајќи ги овие инциденти потенцијално поврзани и окарактеризирани како „исклучително сериозни“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!