Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма на Бјелашница: Лавина затрупа и повреди тројца планинари

Лавина денеска затрупа тројца планинари на Бјелашница, потврдија од спасувачките служби за порталот „Аваз“.

„Како што ни потврдија од планинската спасувачка служба во Сараево, тројца планинари биле затрупани од лавина.“- напишаа на босанскиот портал.

– На пат сме до нив. Ни кажаа дека тројца планинари тргнале на пешачење до врвот Крвавац. Според досегашните информации, планинарите успеале да се извлечат од снегот, но се повредени. За среќа, ниту еден од нив не е во животна опасност. Покренавме акција на пронаоѓање, а потоа згрижување и евакуација на повредени планинари. По завршувањето на оваа операција ќе имаме повеќе информации што навистина се случило, изјави Џенадин Велагиќ од ГСС Сараево.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!