Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕМА откри дека mRNA вакцините против ковид-19 не предизвикуваат компликации во бременоста

Вакцините против Ковид-19 произведени со помош на технологијата mRNA не предизвикуваат компликации во бременоста кај идните мајки и нивните бебиња, соопшти попладнево регулаторот на ЕУ, по детална анализа на неколку студии.

Анализата базирана на студии на околу 65.000 бремености во различни фази не откри знаци на зголемен ризик од компликации, спонтани абортуси, предвремено породување или сериозни несакани ефекти од вакцината mRNA врз нероденото бебе, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Pfizer и германскиот партнер BioNTech, како и Moderna, моментално доставуваат вакви вакцини во Европската унија.

Иако ЕМА призна некои ограничувања во податоците, рече дека резултатите се конзистентни во сите студии.

„Придобивките од примањето mRNA вакцина против Ковид-19 за време на бременоста ги надминуваат сите можни ризици за идните мајки и нероденото бебе“, велат од агенцијата.

Рецензијата на интерниот тим покажа дека вакцините против Ковид-19 се исто толку ефикасни во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај бремени жени како и кај небремени жени.

Неколку земји од ЕУ веќе ја поддржаа употребата на вакцини за Ковид-19 за бремени жени, а поддршката на ЕМА за mRNA вакцините веројатно ќе ги поттикне кампањите за вакцинација во помалите земји кои се потпираат на научната експертиза на регулаторите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!