Вие имате прво да ја знаете вистината

Легендата за крокодилот се шири речиси 100 години, конечно е потврден митот: „Апсолутно неверојатно!“

Остатоци на крокодил стар повеќе од 120 години се пронајдени под подот на основно училиште во Јужен Велс. Според британскиот Дејли Телеграф, ова ја потврдило легендата која со генерации се шири меѓу студентите, но и самите вработени.

Митот потекнува од 1920 година и вели дека војник се вратил од бојното поле во Првата светска војна со труп од крокодил што го донел во основното училиште „Исгол Гинрад Гимраег Бодрингалт“.

Рептилот потоа бил ставен на безбедно место за да се избегне идна штета. Оттогаш, неговото постоење е само мит, додека во 2019 година работниците не почнале да го реновираат училиштето и сосема случајно налетале на остатоци од крокодил. По две години конзервација и истражување, остатоците од крокодилот повторно се изложени, пренесува Телеграф.

Постапката беше сложена. Конзерваторот др. Викторија Пјувал и уметничката од природна историја, Анет Мари Таунсенд, полека и прецизно ги чистеа коските и забите на рептилите подолги од метар и половина. Тие ја отстранија земјата и секоја нечистотија од телото. Со помош на потпорни завртки, тие можеа да го дефинираат неговиот изглед, бидејќи недостасуваше дел од телото, како што се едната нога и дел од опашката. Конзерваторите ја завршиле работата пред Божиќ, а рептилот е изложен со други коски и пронајдени остатоци.

Иако нема јасни информации што првично се случило со крокодилот, неговиот труп претрпел голема штета со текот на годините. Сепак, научниците успеале да ги искористат своите методи за да откријат дека тој е роден околу 1900 година, што би значело дека фосилот денес е стар најмалку 120 години.

– Мислев дека тоа е само стар мит, се до оној четврток кога отидов да го проверам тоа нешто. Половина од крокодилот беше легната на подот – рекол тој, а пренесува Телеграф.

Градските власти коментираат дека откривањето на крокодилот е „апсолутно неверојатно“ и „последната работа на која работниците би помислиле кога ќе тргнат да реновираат“.

– Воодушевен сум што конзервацијата конечно заврши и што легендарниот крокодил за кој се шират толку многу гласини, конечно е изложен на јавноста. Им благодарам на конзерваторите за нивната работа. Нивната анализа покажала дека крокодилот датира од крајот на 19 век. Ви благодариме на сите вклучени – рече советничката Џој Росер од Кабинетот за образование и инклузија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!