Вие имате прво да ја знаете вистината

Милионските спонзори остануваат со Ѓоковиќ: Не е се така црно за Новак

Депортирањето на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од Мелбурн, покрај натпреварувачките загуби, го постави и прашањето за понатамошна соработка со неговите бројни спонзори.

Сепак, по првите негативни реакции, не е се така црно за Новак.

Имено, според американскиот „Форбс“, само еден од спонзорите на Новак одлучил дека сака да разговара со него за случувањата од Австралија, а тоа е „Лакост“. Двајца спонзори му дадоа голема поддршка, додека останатите не се огласија.

Еден од спонзорите кои го поддржаа Ѓоковиќ е позната банка.

„Одлуката на банката за соработка е донесена долго пред тековното известување за Новак Ѓоковиќ и неговиот статус на вакцинација против Ковид-19 или неговото учество на Австралија опен“, велат од банката.

На таа листа е и познатиот швајцарски производител на часовници, чие заштитно лице е Ѓоковиќ.

„Новак Ѓоковиќ е самостојна личност. Не можеме да коментираме ниту една негова лична одлука. Ибло ќе го продолжи партнерството со светскиот тенисер број еден“, соопштија од компанијата за производство на часовници.

Другите компании кои го спонзорираат српскиот тенисер се уште не се огласија.

Софтвер Групацијата не го коментираше случајот од Австралија

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!