Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови проблеми за британското кралско семејство: Откриен птичји грип?

Ветеринарите морале да убијат 26 лебеди на кралицата Елизабета Втора во Виндзор за да се запре ширењето на птичјиот грип, пренесува Daily Mail.

Научниците од Одделот за животна средина, храна и рурални прашања во моментов го истражуваат овој сомнителен случај на птичји грип и повикаа ветеринари хумано да ги убијат заразените лебеди.

Официјалниот тагер на лебедите на кралицата Дејвид Барбер, кој е одговорен за 800-годишната традиција на спроведување годишен попис на лебедите на реката Темза, наводно ја информирал кралицата за тоа и таа била „многу тажна и побарала од него да биде ажурен во тек со сите вести“.

Кралицата, всушност, ги поседува сите лебеди (обично три локални видови) кои се наоѓаат на отворено море во Британија и ова е дел од традицијата која датира од 12 век.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!