Вие имате прво да ја знаете вистината

Отворен прес-центарот на БТА во Скопје

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска по заедничката прес-конференција што ја одржаа во Владата, го посетија Националниот прес-клуб на бугарската новинска агенција БТА во Скопје, со што го означија почеток на работата на прес-центарот на БТА во Македонија.

На средбата присустуваа и директорите на државните новински агенции на двете земји, МИА и БТА, Драган Антоновски и Кирил Влчев.

Ковачевски и Петков денеска договорија и одржување на меѓувладина седница на 25 јануари во Софија, за кога е планирано да биде отворен и прес-центарот на МИА во Софија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!