Вие имате прво да ја знаете вистината

Пристигнува комбинирана вакцина за грип и за ковид? Модерна најави нов проект

Директорот на Модерна објасни дека целта на компанијата е да произведе една вакцина за да се избегнат „проблемите“.

Шефот на американската фармацевтска компанија Модерна, Стефан Бансел изјави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против ковид-19 и сезонски грип.

Говорејќи на видео-конференција на Светскиот економски форум (СЕФ), Бансел се огради велејќи дека најавениот рок е оптимистичка прогноза, но исто така изрази уверување дека следната година во некои земји може да се појави нова вакцина, објави Ројтерс.

Директорот на Модерна објасни дека целта на компанијата е да произведе една вакцина за да се избегнат „проблеми“, а на луѓето им овозможила да примаат само комбинирана доза секоја зима.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!