Вие имате прво да ја знаете вистината

Според најновата анкета: Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците

Расте популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата.

Според најновата анкета на INSA спроведена за „Билд“, Меркел не само што е на прво место како најомилена германска политичарка, туку таа предност во последниот месец ја зголемила и покрај нејзиното повлекување од политиката.

Поранешната канцеларка сега има поддршка од 59,3 отсто од граѓаните, што е за три процентни поени повеќе од резултатите од анкетата од 29 ноември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!