Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајно го снимал Ѓоковиќ во авионот, фотографијата стана хит на интернет, еве што правел Новак на летот од Дубаи (фото)

Новак Ѓоковиќ во понеделникот пристигна во Србија со лет од Дубаи, по 11 дена поминати во Мелбурн.

Српскиот тенисер повеќе од кога било го привлече вниманието со својота појава претходните денови.

Одлуките на Австралија да му ја одземе визата, потоа Судот да му ја врати, а потоа министерот Хок да ја одземе, му донесоа на Ѓоковиќ сериозни немири на почетокот на 2022 година.

Од оваа гледна точка, можеме да претпоставиме дека Новак едвај чекал да пристигне во Белград и да му се придружи на семејството кое постојано му испраќало поддршка.

Најдобриот светски тенисер полета од Мелбурн за Дубаи, а оттаму во главниот град на Србија.

Летот од Австралија цело време го следеле илјадници луѓе, а се појави и видео од тимот на Новак во авионот.

Ден подоцна на социјалните мрежи кружи фотографија тајно направена од еден од патниците на која се гледа дека Ѓоковиќ го поминувал долгиот лет читајќи книга.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!