Вие имате прво да ја знаете вистината

Хистерија во Пекинг поради еден омикрон случај: „Веднаш престанете да нарачувате пакети од странство!“

Хистеријата поради коронавирусот во Пекинг го достигна својот врв, на помалку од три недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во главниот град на Кина.

Откако беше откриен локален случај на варијанти на омикрон во текот на еден викенд во Пекинг, властите ги заострија регулативите за оние кои пристигнуваат во главниот град од други места во Кина и блокираа зграда и станбен комплекс поврзани со првиот случај на омикрон во кинескиот главен град.

Спортистите и официјалните лица веќе пристигнуваат во главниот град пред игрите, веднаш влегувајќи во строго контролиран „балон“ одделен од остатокот од населението.

Робот дезинфицира во Пекинг.

Властите сега бараат негативен тест пред патувањето и втор тест по влегувањето во градот, а граѓаните се повикуваат да не го напуштаат градот за време на претстојната лунарна нова година.

Најновото постапување на градските власти сведочи за тоа колку е строга контроверзната стратегија на Кина „нула случаи на ковид“.

Имено, властите во Пекинг ги советувале граѓаните да се воздржат од нарачка од странство, откако пријавиле дека жител на Пекинг се заразил со омикрон откако отворил пакет, пишува Би-Би-Си .

Многу научници ја доведуваат во прашање теоријата дека Ковид-19 може да се шири преку замрзната храна и друга увезена храна, но властите во Пекинг продолжуваат да ја користат за да ја сведат можноста за ширење на инфекцијата на минимум.

Пекинг.

Надлежните посочуваат дека жена која неодамна не била во странство се заразила со омикрон. Велат дека на пакетот што го добила пронашле траги од вирусот. Ова е единствениот случај на инфекција со омикрон во Пекинг досега, јавува дописникот на Би-Би-Си, Стивен МекДонел.

Здравствениот претставник Панг Ксинхуо во понеделникот им изјави на новинарите дека вирусот бил откриен на површината на писмото што заразеното лице го добило од Канада, а потоа во неотворено писмо, пренесе АФП. Десетици писма од истиот куп, во меѓувреме, беа тестирани, а пет писма покажаа траги од присуство на ковид-19, рече г-ѓа Панг. Присуството на вирусот беше откриено и по тестирање на примероци од внатрешноста на неотворени писма.

Центарот за контрола на болести во Пекинг објави дека не може да се исклучи можноста жената да се заразила преку пакет од друга земја. Надлежните препорачуваат пакетите од странство да се отвораат на отворено и лицето што го отвора пакетот да носи ракавици. По отворањето, пакувањето треба веднаш да се отстрани. Минатата недела, властите во Пекинг го вклучија алармот откако првиот случај на омикрон беше регистриран во Тијанџин, пристанишен град на 30 минути оддалечен со брз воз од Пекинг. Според камерите за надзор, жена заразена со омикрон во Пекинг не е поврзана со случајот и не го напуштила главниот град во последните 14 дена.

Властите во неделата без предупредување блокираа деловна зграда во западниот дел на Пекинг каде жената е вработена. На ниту еден од вработените и другите луѓе пронајдени во зградата не им било дозволено да излезе надвор и сите биле подложени на задолжително тестирање за ковид-19, јавува Си-Ен-Ен.

Станбениот комплекс во кој живее заразената жена е на само 15 минути од Олимпискиот парк. Го затворија целото маало, а потоа ги тестираа сите станари. Тим во заштитни одела зеде примероци од околината за да спроведе тестирање на ковид-19.

Во близина на зградите се поставени високи бариери кои го оневозможуваат влезот и излезот од комплексот. На станарите им е дозволено да излезат на свеж воздух, но не смеат да го напуштат заградениот простор. Куп ѓубре има пред комплексот, а затворени се и некои фирми лоцирани во близина на станбениот комплекс, јавува Си-Ен-Ен.

Динамична стратегија за „нула ковид-19 случаи“ значи обид за борба против избувнувањето со комбинирање на масовна вакцинација со континуиран режим на тестирање, следење на движењето на луѓето низ целата земја, мерење на температурата и телефонските апликации, објасни новинарот на Би-Би-Си, Робин Брант.

Кина е верна на овој пристап кон пандемијата од избувнувањето на епидемијата во Вухан, бидејќи политичкото раководство заклучи дека секој полиберален пристап би претставувал ризик и е политички, економски и социјално неприфатлив.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!