ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ СРПСКИ АКТЕРКИ ГИ ПОЧЕСТИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ СО ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ ОД САУНА (фото)
И во седмата деценија од животот, Даница Максимовиќ изгледа одлично додека се релаксира во сауна.
Даница Максимовиќ (68) е позната како една од најубавите српски актерки, а во седмата деценија од животот изгледа одлично.
Даница на социјалните мрежи се пофали со фотографија од сауна која ги воодушеви нејзините следбеници.
„Оние кои се соочуваат со нешто што е пред нив, неоптоварено со минатото, невознемирено од иднината, се оние кои живеат и кои го користат својот живот на најдобар начин“, напиша таа во описот на фотографиите и собра бројни комплименти.
„Убава си, Дано“, „Ти си божествена“, „Ти си преубава за твоите години“, „Жена мачка“, „Најубави години, најубав изглед“, „Каква исклучителна и убава жена“, Данице, убавице“ – се само дел од коментарите на воодушевените обожаватели на познатата актерка.
Даница завршила глума во Белград, а првата улога ја одиграла во 1980 година во филмот Хајдук.
Во нејзината кариера доминантни улоги се т.н жена од маргините – алкохоличари, проститутки и жени со сомнителен морал.
За својата актерска работа има добиено бројни награди и е една од ретките јавни личности во Србија која јавно призна дека во 1992 година била лекувана од алкохолизам.