Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган ги повика Путин и Зеленски во Турција да ги решат разликите

Турција е подготвена да претстави платформа за преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој рече дека Ердоган ги поканил Путин и Зеленски да дојдат во Турција и да се сретнат за да ги решат проблемите и разликите, пренесува РИА Новости.

„Турција е подготвена да направи се што може за да ги намали тензиите меѓу Русија и Украина“, рече Калин.

Тој додаде дека Ердоган има намера да ја посети Украина во следните недели, но дека Анкара ќе биде во близок контакт со Русија, со цел да се избегне каква било воена акција која би имала сериозни последици.

Западот тврди дека Русија подготвува напад врз Украина, додека Москва ги отфрли тие обвинувања и посочува дека тие служат како изговор за распоредување воена опрема и сили на НАТО во близина на руските граници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!