Вие имате прво да ја знаете вистината

Загриженост во Осло: Норвешкиот Парламент, бил изложени на Руски сајбер напад

Според норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе, неговата земја е особено загрижена бидејќи неодамна повторно беше подложена на руски хакерски напад врз државните институции и многу важни компании, како што е Нортура, еден од најголемите производители на храна.

Освен тоа, особено беа нападнати институциите на најсеверната норвешка провинција Норланд. Шторе вели дека многу институции, како што е норвешкиот парламент, биле изложени на сајбер напади, а комуникацијата на воздухопловните сили е нарушена, што, меѓу другото, довело до прекини во цивилниот воздушен сообраќај.

Тоа многу не вознемири, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека стравува дека кризата од Украина ќе се прелее на далечниот север.

Генералниот секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг , ја опиша Русија „како агресор“ и рече дека Русија, а не НАТО и Украина се одговорни за тензиите и ескалацијата. Неодамна се одржаа дури три состаноци на линијата Запад-Русија (во Женева со САД, во Брисел со НАТО и во Виена со ОБСЕ) за гаранции кои сакаат Западот да ја даде нивната безбедност, но според Москва, претрпеа неуспех, Русија побара писмена гаранција дека НАТО нема да ја прифати Украина во членство Москва предлага Украина да биде неутрална, како Финска или Австрија, но НАТО рече дека Русија нема вето и дека нема да ги определи нивните стратешки и политички приоритети.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!