Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел планира да ја укине сертификатите за Ковид: Тие само создаваат паника

Израел вчера постави нов дневен рекорд од 65.259 новозаразени со коронавирус, а паралелно се водеше сериозна дискусија за укинување на сертификатите за Ковид. Против нив е израелскиот министер за финансии Авигдор Либерман, пренесува „The Jerusalem Post“.

Либерман и се обрати на јавноста вчера со премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц кога рече дека повеќе од 25 милиони домашни брзи антигени тестови ќе бидат дистрибуирани до израелците. Тој потоа твитна за сертификатите за Ковид.

– Во зелените пропусници нема медицинска или епидемиолошка логика, како што заклучуваат многу експерти. Она што постои е директна штета на стопанството, секојдневното функционирање и дополнително, значителен придонес за создавање паника во јавноста. Работам заедно со сите засегнати страни да го елиминираме зелениот ковид сертификат и да ја зачуваме нормалната рутина за сите нас – напиша тој.

Според режимот за зелени сертификати, кој моментално е на сила во Израел, само луѓето кои биле вакцинирани, се разболеле или се тестирани еден ден претходно (во последните 72 часа во исклучителни случаи) имаат пристап до некои активности и капацитети, а во некои случаи и на работното место.

Доколку се укине зелената пропусница, тоа би била една од најдраматичните промени во начинот на кој земјата се бори со пандемијата, вели Нахамн Еш, генерален директор на израелското Министерство за здравство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!