Вие имате прво да ја знаете вистината

Крај на уште една голема љубов: поминаа низ најголемите животни предизвици, а наскоро требаше да прослават 19 години од кога се заедно

Поранешната тенисерка Јелена Докиќ повеќе не е во врска со нејзиното долгогодишно момче Тин Бикиќ од Загреб, со која изгради живот во Австралија. Веста за раскинувањето на нивната врска, која за многумина беше пример и инспирација ја објави самата Јелена, а од долгата објава посветена на Тин и нивните заеднички денови јасно се гледа колку ѝ е тешко поради сè.

Некогаш четврта играчка во светот, а денес спортски коментатор и водителка на австралиската национална телевизија 9 News, кон крајот на минатата година објави дека минува низ многу тежок период во животот. Но, во тој момент причината за тоа ја знаеја само нејзините блиски – дека Јелена Докиќ, родум од Осиjек, која се прости од тенисот во 2014 година, продолжува сама на 38 години, без долгогодишната партнер Тин Бикиќ. Веста за нивното раскинување шокираше многумина бидејќи е познато дека Тин на Јелена ѝ беше најголемата поддршка во животот, што и самата го потврди уште еднаш во својата трогателна објава.

По речиси 19 години заедно, Тин и јас решивме да тргнеме секој по својот пат. Понекогаш овие работи се случуваат, луѓето се раздвојуваат и тоа е за најдобро. Ве молам да се воздржите од лоши коментари за нас и нашите 18 и пол години заедно, а особено ги молам оние кои сакаат да даваат непријатни коментари врз основа на националност и религија да не го прават тоа. Ова нема врска со тоа и никогаш немаше. Негативните коментари не помагаат никому, особено мене, затоа ве молам да го почитувате тоа.
Ќе излажам ако кажам дека ми е добро, но ќе дадам сè од себе за да закрепнам од раскинувањето и да ги надминам болката и траумата. Ако ништо друго, ќе умрам обидувајќи се.


На оваа врска ѝ дадов сè од себе, срцето и душата и се борев толку напорно до крајот, но тоа не беше доволно овој пат. Се надевам дека љубовта и среќата ме чекаат некаде. Тешко е, боли, повредена сум, изгубена и сега се трудам само да најдам сила наутро да станам од кревет. Ќе морам повторно да научам да одам пред да се стрчам кон љубовта и среќата, но си давам шанса. Јас сум борец и ќе се борам до крај. Мојата сила и волја да продолжам и да живеам повторно се ставени на искушение, но веќе сум поминала низ тоа, па се надевам дека ќе можам повторно. Ве молам почитувајте ја мојата приватност во овој момент, и напоменувам дека оваа тема нема да ја коментирам повеќе.


На Тин му посакувам сè најдобро и се надевам дека ќе го најде тоа што го бара.“, напишала Јелена во објавата на Инстаграм.

Откако во декември објави дека прави мала пауза од социјалните мрежи бидејќи минува низ уште една тешка фаза во животот, Јелена е недостапна за медиумите, па причините за раскинувањето на врската со Тин можат да бидат само шпекулирање.

Но, нема сомнеж дека нивната љубов со години е силна како карпа бидејќи Јелена во текот на нивната врска поминувала низ тешки животни предизвици. Поради траумата со нејзиниот насилен татко Дамир Докиќ, кој физички ја малтретирал во текот на нејзината тениска кариера, со години имала големи проблеми со дебелината (еднаш имала 125 килограми), а пред петнаесет години размислувала дури и да си го одземе животот. Таа ги опиша своите демони во 2017 година во шокантната автобиографија „Unbreakable“, за која пред две години зборуваше ексклузивно за магазинот Глорија.

Тин го запознала преку неговиот брат Борна кој извесно време ѝ бил тренер. Црнокосиот Загрепчанец кој како млад се занимавал со атлетика, а подоцна продавал недвижен имот, поради Јелена го напуштил животот во Хрватска и се преселил во Австралија, а во текот на нивната врска летувале на хрватското крајбрежје. Во интервјуто што го даде за Глорија 2020, Јелена ја најави и нивната венчавка, која ја планираа токму кога коронавирусот се прошири низ светот. Како што кажа тогаш, со години ја одложувале бидејќи сакале да го организираат во Хрватска, а уште една позната причина била нејзината борба против дебелината. Таа битка во меѓувреме ја доби, но, како што изгледа сега, цела иднина ќе мора да се бори сама – без Тин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!