Вие имате прво да ја знаете вистината

Научниците дојдоа до револуционерно откритие: Откриено е зошто некои луѓе имаат потешки симптоми на ковид-19

Научниците открија ген кој го намалува ризикот од развој на тежок ковид-19 за 20 отсто и велат дека нивното откритие ќе помогне да се создадат лекови кои се ефикасни против вирусот САРС-КоВ-2, пишуваат „Daily Mail“ и „Science Daily”.

Генот може да се најде кај секој трет бел човек од европско потекло и промовира производство на протеин кој е ефикасен во борбата против вирусот САРС-КоВ-2, се вели во студијата објавена во списанието Nature Genetics од меѓународна група научници на Институтот Каролинска во Шведска.

Според претходните истражувања, луѓето со европско потекло кои носат одреден сегмент од ДНК имаат 20 отсто помал ризик од развој на тежок Ковид-19. Овој сегмент од ДНК ги кодира гените во имунолошкиот систем и е наследен од неандерталците кај околу половина од сите луѓе надвор од Африка. За да ја идентификуваат оваа специфична варијанта на генот, истражувачите бараа поединци кои носат само делови од тој одреден ген.

Бидејќи неандерталското наследство настанало по античката миграција од Африка, истражувачите го видоа потенцијалот во фокусирањето на поединци со африканско потекло кои немаат наследство од неандерталците, а со тоа и поголемиот дел од овој сегмент на ДНК. Мал дел од оваа ДНК, сепак, е ист кај луѓето со африканско и европско потекло.

Меѓународниот тим на научници тврди дека откривањето на генот објаснува зошто симптомите на болеста се толку променливи и зошто некои луѓе се погодени посериозно од другите. Научниците дојдоа до револуционерен заклучок проучувајќи луѓе со различно потекло и велат дека нивниот потфат ја истакнал важноста од спроведување клинички испитувања со луѓе од различно потекло. Што се однесува до луѓето со африканско потекло, генот е присутен кај осум од десет луѓе, покажа студијата објавена во Nature Genetics. Генот ја одредува должината на протеинот OAS-1 и кога е подолг, подобро го уништува вирусот SARS-CoV-2.

„Да се ​​добие детално разбирање на генетските фактори на ризик е клучно во развојот на нови лекови против Ковид-19“, рече ко-авторот на студијата, Брент Ричардс од Универзитетот Мекгил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!