Вие имате прво да ја знаете вистината

Познатиот лондонски „Лојд“ ги процени нозете на прекрасната Хајди Клум: Ги осигурала по барање на клиент

Супермоделот и ТВ водителка Хајди Клум си ги осигура нозете на два милиони долари, пишува „Vanity Fair“.

Неодамна во една ТВ емисија таа откри дека нејзините нозе не вредат исто. Таа објасни дека уште од детството имала голема лузна на левото колено од расекотина што ја заработила откако се исекла на стакло.

Таа додаде дека поради тоа нејзината лева нога не вреди колку десната, а разликата во вредноста на нејзините нозе објаснила дека ја дознала по проценката на лондонски „Лојд“. Клум, исто така, рече дека е невообичаена за целата ситуација со осигурувањето и дека се осигурала на барање на еден од нејзините клиенти со кој соработувала како дел од промоцијата на неговиот производ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!