Вие имате прво да ја знаете вистината

ПРВА ФОТОГРАФИЈА НА ХАНА И Петар ГРАШO ОБЈАВЕНА ПО ВЕСТА ДЕКА ЧЕКААТ БЕБЕ: „НЕ СЕ РОДИЛ НИКОЈ ШТО МУ УГОДИЛ НА ЦЕЛ СВЕТ“

Пејачот Петар Грашо и Хана Хуљиќ неодамна објавија дека ќе станат родители и дека планираат свадба, а сега на Инстаграм се појави и нивната прва заедничка фотографија по објавувањето на нејзината бременост.

По 24 години долга врска со Данијела Мартиновиќ, Грашо ја најде среќата во прегратката на 14-години помладата Хана, а детето ќе биде круна на нивната љубов.

На фан страната на Петар Грашо на Инстаграм е објавена нивна фотографија со интересен опис:

„Секој од нас има свој живот. 14 години разлика помеѓу маж и жена не се многу, годините се само бројка, на крајот на краиштата, кои сме ние да судиме? Не се родил оној кој му угодил на светот“, стои во описот на фотографијата на заљубениот пар.

И фановите им дадоа поддршка и рекоа дека се прекрасен пар.

„Секој има право на среќа. Да живее љубовта“, „Ќе биде слатко бебе… И ќе добие мноооогу љубов“, „Среќно, вие го заслужувате тоа“ – порачаа многубројните обожаватели на познатиот пејач.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!