Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија ги повика САД да не испраќаат оружје во Украина

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека е неопходно САД да ја прекинат воената помош за Украина, што се одразува во испраќањето оружје, јавува Anadolu Agency (AA).

На форумот во Москва, Рјабков ги коментираше ставовите и активностите на САД во контекст на кризата во Украина.

– Навистина, ситуацијата во Европа на полето на безбедноста е критична. Тоа се случи затоа што Вашингтон и НАТО ја искористија Украина како лост за зголемување на притисокот врз Русија – рече Рјабков.

Наведувајќи дека САД и даваат воена поддршка на Украина, Рјабков рече дека Русија нема да презема дејствија што ќе ја загрозат Украина.

– Организираме вежби само на сопствени територии, редовно ги преместуваме нашите воени единици. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина – рече Рјабков.

Наведувајќи дека нема опасност од голема војна во Европа или на друго место, Рјабков рече дека Русија нема намера да ја нападне Украина.

Тој порача и дека САД треба да ја принудат Украина да го почитува Договорот од Минск.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!