Вие имате прво да ја знаете вистината

Се огласи мистериозната Маја од Сплит, се каам што не му се јавив на Матеј, не го слушнав мобилниот, ова се нови детали за изчезнувањето на Периш

Маја С, мистериозната Сплиќанка со која Матеј Периш (27) се обидел да го оствари последниот контакт, кога кобната вечер и се јавил од клубот Готик, вели дека и е најмногу жал што не одговорила на повикот што го имала во 22 часот и 39 минути.

Потрагата по исчезнатиот Периш трае веќе 20 дена, а информациите кои се познати за таа вечер се доста опречни. Ново светло во истрагата фрли фактот дека Периш таа вечер бил или се обидел да стапи во контакт со Маја С, сограѓанка која исто така тогаш била во Белград, но не била со Матеј и неговото друштво.

Таа во Белград стигнала пред Периш, а како пишуваат хрватските медиуми, станува збор за девојка која редовно ги посетува белградските клубови и кафиќи, а се верува дека Периш поради тоа и ја контактирал, гледајќи на социјалните мрежи дека и таа е во Белград.

Таа вечер додека бил на вечера со пријателите во ресторан во Бетон Хол, Периш на Инстаграм видел дека и таа е во Белград со пријателите, па и испратил порака, а потоа и се јавил. Маја С. на полицијата и рекла дека не слушнала како нејзиниот телефон ѕвони во 22 часот и 29 минути ноќта на 30 декември. Таа сега во својата исповед за ТВ Прва рече дека тоа и е „најголемата мака од се“, бидејќи било утврдено дека таа е последната личност што Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.

Откако се појавија информациите дека таа е последниот контакт на Матеј, како што пишува белградски Курир, таа ги исклучи своите профили на социјалните мрежи и се повлече од јавноста се до сега. Маја С., сега жали што не одговорила на повикот на Периш.

Нормално, дака се каам, тоа е мојата најголема болка затоа што мислам дека ако ме известеше дека доаѓа во Белград, ќе им кажев каде да одат и што да прават, низ солзи рекла Сплиќанката за ТВ Прва.

Нејзиниот татко претходно ги демантираше информациите кои се појавија во медиумите дека и го одзеле пасошот и дека не може да ја напушти Србија.

Претходно имаше информации дека Маја С. и Матеј Периш се познаваат со години. Таа е богата Сплитќанка која ужива во хедонистички начин на живот, а поседува и неколку пловни објекти на кои Периш работел како скипер. Интересно е што таа беше првата личност која потврди дека Периш користела наркотици, за разлика од неговите пријатели кои во неколку наврати тоа го негираа.

Белградски Курир пишува дека Сплиќанката Маја С. е сестра на еден од пријателите на Периш, но и негов наводен работодавец. А нејзините две фирми, регистрирани за давање на наутички услуги, се водат на нејзиниот татко Горан С., кој своевремено беше кривично гонет.

Имено, според информациите кои пристигнуваат од Хрватска, тој во 2009 година е осуден на 10 месеци затвор, со условен период од три години, бидејќи и пружал логистичка и магацинска помош на криминална организација.

По апсењето во 2007 година, тој негираше сè и негираше дека припаѓа на криминална организација, за потоа со докази да биде притиснат да признае и да се покае. Пред изрекувањето на пресудата, тој рече дека заработува околу 130.000 евра годишно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!