Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ влегува во фармацевтскиот бизнис против короната: Купил данска компанија која развива лек против Ковид

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ има 80 отсто удел во данската биотехнолошка компанија QuantBioRes, чија главна цел е да развие лек за борба против Ковид-19, изјави денес извршниот директор на компанијата Иван Лончаревиќ за Ројтерс.

Тој откри и како е реализирана споменатата инвестиција во јуни 2020 година, но не сакаше да каже за колкава сума станува збор.

Инаку, компанијата QuantBioRes има околу 11 истражувачи вработени во Данска, Австралија и Словенија, а нивната примарна цел е лек против ковид, а не вакцини, рече Лончаревиќ.

„Развиваме пептид кој го инхибира коронавирусот кој ја инфицира човечката клетка, а клиничките испитувања треба да започнат ова лето во Велика Британија“, рече извршниот директор на компанијата.

Портпаролот на Ѓоковиќ се уште не одговорил на прашањата на оваа тема.

Да потсетиме, српскиот тенисер не е вакциниран против Ковид, а по политичко-судската бура што се крена деновиве, тој беше депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!