Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел пред одлука да ги укине сертификатите за ковид? „Немаат основа ни во медицината ни во епидемиологијата, само создаваат паника

Израел треба да го укине системот на зелени пропусници, изјави во вторник министерот за финансии, исклучително влијателниот Авигдор Либерман , на денот кога беа регистрирани рекордни 65.259 случаи поради ширење на инфекција со коронавирус, односно нејзината омикронска варијанта.

Зелените пропусници во Израел се еквивалентни на контроверзните сертификати за ковид во употреба во голем број европски земји, чие воведување доведе до огромни јавни спорови, улични протести, а често и немири.

Според Јерусалим пост, Либерман зборувал за зелените пропусници неколку часа откако, премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц се согласиле да дистрибуираат повеќе од 25 милиони бесплатни домашни антигенски тестови за коронавирус на сите граѓани.

Нема медицинска или епидемиолошка логика за постоење зелени пропусници, се согласуваат многу експерти, напиша Либерман на Твитер.

Тоа што го има, има директна штета по економијата и секојдневното функционирање, а зелените пропусници исто така значително придонесуваат за ширење на паника меѓу луѓето. Работам со сите страни за да се елиминираат зелените пропусници и да се зачува нормалната животна рутина на сите нас, додаде Либерман.

Според сегашните правила, зелена карта можат да добијат само вакцинирани граѓани во Израел, оние кои имале ковид или оние кои биле тестирани претходниот ден во некои случаи тестот важи 72 часа, а без оваа пропусница не е можно е да се пристапи до повеќе области и работни места.

Со ширењето на омикрон, експлодираше бројот на инфекции кај вакцинираните лица. Здравствените службеници и експерти, вклучително и Нахман Еш , директор во израелското Министерство за здравство кој управува со јавниот здравствен систем, велат дека вакцинацијата и прележувањето продолжуваат да обезбедуваат одредена заштита и се залагаат системот за зелена пропусница да остане на сила. Истовремено признаваат дека во одреден момент ќе мора да го ревидираат неговото значење.

Доколку се укинат зелените пропусници, тоа би било една од најдрастичните промени во стратегијата за управување со пандемијата на Израел досега, според Јерусалим пост.

Еш во вторникот предупреди дека врвот на сегашниот бран на инфекција во државата веројатно сè уште не е достигнат. Очекувам тоа да се случи за недела или две. Бројот на хоспитализирани пациенти сè уште е во пораст, но забавува, рече тој.

Тој ја образложи и одлуката за скратување на изолацијата од седум на пет дена со задолжителен брз тест по истекот на периодот)за заразени како и за невакцинирани лица кои биле во близок контакт со заболено лице.

Огромниот број на потврдени и изолирани случаи и става тежок товар на нашата економија. Презедовме неколку превентивни чекори кои треба да го намалат ризикот, а тука спаѓа и задолжителното тестирање пред излегување од изолација, што досега не беше случај. Исто така, се додека имате симптоми, ви е забрането да излегувате, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!