Вие имате прво да ја знаете вистината

Кипар ја намалува на три месеци валидноста на потврдата за прележан Ковид-19

Од 180 на 90 дена се намалува потврдата за прележан Ковид-19 за граѓаните на Кипар, а одлуката на Владата стапува во сила на 31 јануари 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека независно од тоа кога е извадена потврдата, важноста ќе биде до 90 дена по првиот позитивен резултат и ќе важи за внатрешноста на земјата.

На самата потврда и понатаму ќе пишува дека е валидна 180 дена согласно европските правила, но шесте месеци ќе бидат само за патување вон границите на Кипар и согласно условите и ограничувањата на другите земји.

Потврдата за прележан Ковид-19 и во Грција важи три месеци, откако на почетокот на декември минатата година, со одлука на Владата, валидноста беше намалена од 180 на 90 дена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!