Вие имате прво да ја знаете вистината

На Робињо му се “закануваат” девет години затвор: Легендарниот фудбалер наскоро ќе биде зад решетките

Познатиот бразилски фудбалер Робињо ќе мора да одлежи деветгодишна затворска казна за случај силување додека играше за Милан во Италија, откако Врховниот касационен суд во Рим ја одби жалбата.

Бидејќи овој суд е последната правна институција која би можела да ја промени првичната одлука, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан и други клубови ќе мора да биде зад решетки.

Робињо утрово се појави во Рим во друштво на адвокат кој поднел жалба, но тоа не било доволно добро за судијата и славниот фудбалер ќе мора да ја одлежи казната со својот пријател Рикардо Фалк.

Да потсетиме, случајот со групно силување се случи во 2013 година во ноќен клуб во Милано, а четири години подоцна тој се појави на суд, за да добие епилог половина деценија подоцна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!