Манекенката и плејбој зајачица, Елизабет Мари Шевалие (27), тврди дека не може да најде момче бидејќи е премногу убава.
– Излегувањето е тешко – момците се плашат затоа што сум толку убава – изјавила за „Џем прес“.
Оваа атрактивна девојка тврди дека ги одвлекува момците од себе затоа што мислат дека е превисока за нив:
– Висока сум 178 сантиметри и сум убава и имам многу интензивна личност.
Таа вели дека девојките од нејзиното опкружување се љубоморни затоа што претпоставуваат дека ќе им ги украде момчињата.
Смета дека тоа е особено тажно бидејќи, како што вели, всушност е многу драга и полна со љубов, па тоа би го разбрале доколку одвоеле време да ја запознаат.
„Бев на состаноци на кои момците едноставно не можат да разговараат со мене“, рече манекенката.