Вие имате прво да ја знаете вистината

Хакерската бригада на Ким има нова цел: Сега ги напаѓаат и Русите, стигнаа до самиот врв на власта на Путин!

Севернокорејската хакерска група APT37 го нападна руското Министерство за надворешни работи и неговите вработени на крајот на 2021 година и потоа ја компромитира сметката на еден државен службеник, тврдат американските експерти за информатичка безбедност.

Според истражувачите од американските компании за сајбер безбедност, Cluster25 и Black Lotus Labs, а подоцна пренесено и од московскиот дневен весник Kommersant, кампањата за „фишинг“ (кражба на мрежен идентитет) го таргетираше министерството уште во октомври, пренесува „RT“.

Истражувачите тврдат дека на некои вработени им била испратена архива со документи и побарале да дадат детали за вакцинацијата, додека на други им биле испратени линкови до малициозен софтвер „маскиран“ како софтверот што го користи руската влада за собирање информации за статусот на вакцинација кај луѓето. Како резултат на тоа, една сметка била компромитирана.

Од компромитирана адреса, хакерите успеле да испратат „фишинг“ е-пошта до рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, главниот преговарач со Американците во спорот за Украина и НАТО, на 20 декември минатата година, а целеле и на руската амбасада во Индонезија.

APT37 е група особено позната по користење на софтвер наречен Konni, алатка за далечинско управување кој наводно бил користен против Јужна Кореја, како и против политичките организации во Јапонија, Индија и Кина. Според Kommersant, групата постои од 2017 година.

Ова не е првпат Северна Кореја да биде обвинета за обид за фишинг напад врз Русија. Во ноември минатата година, Kommersant објави дека друга хакерска група, Kimsuky, испратила е-пошта за „фишинг“ напишани во име на познати руски експерти, научници и невладини организации до експерти во Кореја, во обид да добие акредитации за онлајн најава.

Минатата недела руските безбедносни служби уапсија озлогласена група хакери по информациите што ги доставиле американските власти.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) приведе неколку лица во Москва, Санкт Петерсбург и регионот Липецк, кои наводно биле членови на REvil, озлогласениот „откупен софтвер“ (уценувачки софтвер кој на корисникот му оневозможува пристап до компјутерските ресурси и бара откуп за отстранување на ограничувањата) групи познати по тоа што добиваат милионски износи од откупнини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!