Вие имате прво да ја знаете вистината

Адел во солзи: „Вознемирена сум, навистина ми е непријатно, не спиев 30 часа… Се пропадна!“

Британската музичка мегаѕвезда Адел (33) овој петок требаше да го одржи првиот од 24-те концерти во Колосеумот на Цезар Палас во Лас Вегас, но за жал мораше да откаже се.

– Многу ми е жал, но шоуто не е готово. Половина од мојот тим има ковид и беше невозможно да завршиме се што сакавме. А доцнењето на испораката дополнително ми ги уништи сите мои планови – низ солзи раскажа пејачката во видеото кое го објави на Инстаграм, а пренесува Би-би-си.

Концертниот серијал „Викенд со Адел“ беше најавен кон крајот на ноември минатата година, а до април требаше да се одржуваат по два настапи секој викенд. Цените на билетите се движеа од 85 до 685 долари, а се предвидуваше дека Адел ќе заработува околу 680.000 долари по настап. Ова требаше да бидат и нејзини први концерти во живо по петгодишна пауза, каде што требаше да го промовира нејзиниот актуелен хит албум „30“.

-Бев будна 30 часа обидувајќи се да ја спасам продукцијата, но се покажа дека е невозможно. Исцрпена сум и длабоко им се извинувам на фановите кои веќе пристигнаа во Лас Вегас за концертите. Извиниете, многу сум вознемирена и навистина ми е срам. Ќе ги поместиме сите датуми, веќе работиме на тоа – изјави Адел.

Многу фанови беа полни со разбирање за нивната омилена пејачка во коментарите на социјалните мрежи, но има и такви кои се бесни бидејќи изгубиле стотици долари поради резервации на летови и хотели.

– Лут сум затоа што чекаше последен момент да откаже се и да ги извести фановите за тоа. А вчера со сигурност знаеше дека шоуто нема да биде готово до утре. Нејзиниот недостаток на внимание е запрепастувачки. Фрустрирана сум – се пожалила Џилијан Роуланд-Кејн (32) која во петокот веќе била на лет за Лас Вегас од Њујорк кога на социјалните мрежи дознала дека концертот нема да се одржи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!