Вие имате прво да ја знаете вистината

Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската кризата

Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно ќе биде година на економски бум ако во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Сарај.

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, пак , истакна дека како Влада и Министерство за транспорт и врски се задоволни од инвестициите што се реализирани во 2021 година, имајќи ги во предвид сериозните предизвици со кои се соочивме како што е пандемијата која влијаеше и на капиталните инвестиции.

– Како Министерство за транспорт и врски  имавме реализација над 64 отсто од капиталните инвестиции односно 92 отсто од основниот буџет на Министерството. Без разлика на предизвиците ќе направиме сериозни напори како Влада и Министерство да реализираме што повеќе капитални инвестиции, рече Реџепи.

Како Министерство, посочи, имавме сериозни инвестиции во инфраструктурата во однос на проекти од фекалната канализација, водоводните мрежи и патната инфраструктура кои биле заедно финансирани и кофинансирани од Министерството преку разни програми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!