Вие имате прво да ја знаете вистината

Борис Џонсон оди по работ: Дури 20 конзервативни пратеници ќе достават писма за недоверба на премиерот!?

Според наводите на британските медиуми, британскиот премиер Борис Џонсон е на работ на гласање недоверба по лутите реакции од редовите на конзервативците, поради тврдењата дека во неговата резиденција се одржувале забави за време на карантинот, објави Ројтерс во средата.

Откако Џонсон ги отфрли обвинувањата од неговиот поранешен советник, дека го лажел парламентот за некоја партија, „Daily Telegraph“ и „ITV News“ цитираа извори кои велат дека може да дојде потребниот број писма на пратеници од неговите редови кои повикуваат на гласање за недоверба на неговото владеење.

Околу 20 конзервативни пратеници кои ги освоија своите места во парламентот на последните парламентарни избори во 2019 година, планираат да ги достават своите писма за недоверба на Џонсон, пишува Telegraph.

Канцеларијата на Џонсон одби да коментира.

Пред само две години, Џонсон беше миленик на неговата партија, откако го обезбеди најголемото конзервативно мнозинство од периодот на Маргарет Тачер во 1987 година, што му овозможи да го исполни ветувањето за излез на Британија од ЕУ.

Односот брзо се влоши поради постојаните откритија за јасно кршење на строгите правила за изолација пропишани од Downing Street.

За да предизвикаат промена, односно отповикување на лидерот, 54 од 360 конзервативни пратеници треба да поднесат писма за недоверба до претседателот на партискиот одбор.

Писмата се доверливи, а единствениот кој ќе знае колку пратеници поднеле писмо е претседателот на одборот.

Британските медиуми објавија дека најмалку 11 собири биле одржани во резиденцијата на Џонсон во Downing Street 10, или во други владини оддели помеѓу мај 2020 година и април 2021 година, кога правилата за изолација ограничувале колку луѓе би можеле да се сретнат во една група.

Поради скандалот, поддршка од јавноста за Џонсон и за Конзервативната партија нагло опадна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!