Новинарката на WSAZ NewsChannel, Тори Јоргеј, доживеа необична незгода додека известуваше во живо. Во неа удрил автомобил додека известувала за лошото време во градот Данбар во американската сојузна држава Западна Вирџинија.
Додека новинарката зборувала пред камера, автомобил ја удрил одзади и ја соборил на земја, а од ударот камерата паднала.
Јоргеј неколку моменти беше надвор од кадарот, но таа набрзо одговори, па дури и го смири возачот кој ја удри: „Се е во ред, сите сме добро!“
„Ова е мојата последна недела на работа, па се разбира дека ова се случи“, рече Јоргеј.