Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија од октомври ја зголемува минималната плата на 12 евра по час

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговите социјалдемократи туркаат напред едно од нивните клучни изборни ветувања, зголемување на минималната плата на 12 евра на час од октомври, според предлог-законот кој Ројтерс го имале на увид.

Во моментов минималната плата во Германија е 9,82 евра по час, а од јули ќе се зголеми на 10,45 евра по час.

Социјалдемократскиот министер за труд Хубертус Хеил проценува дека 6,2 милиони работници ќе имаат корист од зголемувањето на платите, што ќе ги чини работодавците 1,63 милијарди евра во периодот од октомври до декември, според предлог-законот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!